Џуџутсу

За Џуџутсу

Nihon Jujutsu е мајка на сите модерни јапонски боречки вештини. Постигнувањето перфекција во владеењето на јапонските боречки вештини захтева долгогодишно напорно вежбање и лојалност. Нивната примена придонесува кон самодисциплината, чистотијата на духот и телото и збогатување на сите аспекти на животот.

Nihon Jujutsu е модерен систем на самоодбрамбени и физички вежби. Тренингот вклучува физички вежби, напад и самоодбрана со примена на техники на фрлање, полуги на зглобовите, и други методи на оневозможување на напаѓачот кои секако подразбираат и употреба на мало оружје. Преку тренингот оној што вежба се стекнува со брзина, рамнотежа и физичка сила.

Џуџутсу

Филозофијата на Nihon Jujutsu подразбира развој на телото и духот преку секојдневно вежбање фокусирано на достигнувањето на баланс и душевен мир и одговорност и умереност во примената на самоодбрамбените техники. Филозофијата на Nihon Jujutsu се наоѓа во максимата Ju joku Go o Seisu (противникот се победува со флексибилност). Нераздвојна од овој принцип е обврската за воздржување од агресија или примена на непотребна сила врз противникот кој е под наша контрола.

Поради тоа техниките се дизајнирани така што напаѓачот се спречува со делување врз неговите анатомски слаби точки при што со употреба на минимум сила се спроведува контрола врз него а притоа повредите се минимални. Главен метод во Jujutsu е завршување на борбата со фрлање на противникот. Со Atemi Waza (напаѓачки удар) се напаѓаат виталните точки со цел предизвикување на моментална спазма на мускулите или парализа на централниот нервен систем, додека со полуга на зглобовите се воспоставува целосна контрола врз противникот. Целта на примената на Jujutsu е самозаштита од убиства, силувања, киднапирања и други видови на насилства со кои секојдневно се соочуваме.

Џуџутсу

Nihon Jujutsu е вештина која се создала на бојните полиња во феудална Јапонија и претставувала секундарна вештина на Самураите кои ја употребувале само тогаш кога катаните им биле недостапни. Техниките на Jujutsu и биле непознати на широката јавност, тие се одржувале преку примена од страна на војската или полицијата исто така како секундарна вештина ( примарна е употребата на оружје). Во цивилна употреба Jujutsu се среќава во мал број школи ширум светот. Некои од тие школи се Hontai Yoshin-ryu, Takenouchi-ryu, Saigo-ryu Aiki-jujutsu, Tenjin Shinyo-ryu, Daito-ryu Aiki-jujutsu, Sosuishitsu-ryu…


mail: contact@samurai.org.mk телефон: +389 2 3220311; +389 70 360000
адреса: О.У. Кузман Јосифовски Питу,   ул.Банско б.б.   1000 Скопје – Република Македонија