Карате–до

Што претставува?

Карате не е само спорт во кој се освојуваат поени или со кој се демонстрира моќ. Карате е начин на живеење, боречка вештина преку која оној кој ја практикува учи како да биде сталожен и смирен, но и како во случај на неизбежен конфликт да го совлада противникот со само еден удар. За ова е потребна сила, брзина, концентрација и контрола. Сепак овие физички аспекти се само мал дел од сето она што го пружа практицирањето на оваа вештина.

Карате

Бушидо е базата на вистинското карате, каде телото, свеста и духот на една личност се развиваат истовремено. Преку учењето карате (кихон, кумите и ката) учиме како да ги контролираме нашите движења, но и да ја предаваме нашата контрола, да ги изведуваме техниките без притоа да мислиме на нив, но и да останеме фокусирани без притоа да се концентрираме на тоа. Тоа е така затоа што поради упорното вежбање телото запомнува како да се движи, а свеста како да мирува. Хармоничното единство помеѓу свеста и телото е многу силно. Дури и најголемата физичка сила и вештина не можат да се мерат со моќта на единството.

Резултати на вистинското карате се природна и лесна акција, скромност, отвореност и смиреност кои се достигнуваат само кога постои перфектно единство на телото и свеста. А тоа е и сржта на Зенот, основата на Бушидото и основата на карате филозофијата.

Карате

20 правила на карате

Гичин Фунакоши е еден од најголемите мајстори на карате на сите времиња. Пред да ја оснива Јапонската Карате Асоцијација, тој ги поставил дваесетте правила на карате, кои претставуваат и основа на оваа вештина. Врз основа на овие дваесет принципи, строго базирани на Зенот и Бушидо филозофијата, се темели и филозофијата на каратето.

  1. Никогаш не заборавај: Карате започнува со реи и завршува со реи (реи значи учтивост или почит и во карате се манифестира преку поклонување);
  2. Во карате никогаш не напаѓаш прв;
  3. Каратето ја поддржува праведноста;
  4. Прво спознај се себе, а потоа другите;
  5. Вештината да се развие свеста и мислата е поважна од вештината да се развие техниката;
  6. Мислата треба да биде слободна;
  7. Грижата се раѓа од немарност;
  8. Каратето не му припаѓа само на доџото;
  9. Карате се учи во текот на целиот живот;
  10. Трансформирај се’ во карате, во тоа лежи совршенството;
  11. Вистинското карате е како топла вода, се лади ако не го загреваш;
  12. Не мисли да победиш, мисли да не изгубиш;
  13. Трансформирај се себе си спрема противникот;
  14. Крајниот исход од борбата зависи од контролата;
  15. Замисли ги рацете и нозете на противникот како мечови;
  16. Надвор од засолништето на домот има милиони непријатели;
  17. Ставовите се за почетници, подоцна тие се природно држење;
  18. Прави ја катата исправно, вистинската борба е друга работа;
  19. Не заборавај да ја контролираш динамиката на силата, еластичноста на телото и брзината на техниката;
  20. Секогаш биди добар во аплицирањето на сето она што си го научил.

mail: contact@samurai.org.mk телефон: +389 2 3220311; +389 70 360000
адреса: О.У. Кузман Јосифовски Питу,   ул.Банско б.б.   1000 Скопје – Република Македонија